Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што две екипи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.
НАТПРЕВАР
Развој на одбојката во светот
Одбојката на почетокот се ширела низ САД во универзитетите за да во 1900. година се појави и во Канада, со што Канада станала првата странска земја во која почнало да се игра одбојка. Потоа, почнува да се шири на сите страни на светот: Филипини, Кина, Бурма (Мјанмар), Индија, Јапонија, Мексико, Европа, Африка... До 1913. година одбојката во Азија се развила толку многу што била вклучена во програмата на Далечно-Источните игри огранизирани во Манила. Важно е да се спомене дека во Азија одбојката долго време се играла со 16 играчи во поле со цел да се зголеми бројот на учесници. Во Америка, веќе во 1916. година, овој спорт го играле 200 000 луѓе како на универзитетите, така и во училиштата. Играле и мажи и жени.
Во 1918. година, правилата биле сменети. Бројот на играши бил ограничен на шест и било договорено дека дозволениот број на одбивање на топката е три пати.
До 30-тите години на 19. век, одбојката била првенствено спорт за забава и рекреација, којшто во различни земји се играл по различни правила, па постоеле само неколку межународни турнири. Во главно се одржувале турнири на државно ниво, преку коишто одбојката станува сé поинтересен натпреварувачки спорт што бара сé повеќе психо-физичка сила. Во април, 1947. година е основана Меѓународната одбојкарска федерација FIVB во Париз со цел за промоција на овој спорт во светот, создавање заеднички правила на игра, организирање меѓународни турнири, односно сместување на одбојката во програмата на Олимписките игри. FIVB првенствено вклучувала 14 држави-членки, а денес вклучува 218 што ја прави најголем спортски сојуз на светот.
Во 1948. година во Рим било одржано првото Европско првенство во одбојка.
Во 1949. година во Прага било одржано првото Светско првенство во одбојка.
Во 1952. година во Москва било одржано првото Светско првенство за жени.
Во тој период се основаат националните одбојкарски федерации.
Во 1957. година одбојката била сместена во програмата на Олимписките игри, а прв пат била заиграна на Олимписките игри во 1964. година, во Токио. Во 90-тите години на минатиот век расте популарноста и влијанието на одбојката на песок, верзија на одбојката којашто главно се игра на плажите на западните брегови на САД и Бразил. Растот на популарноста на оваа верзија кулминира со сместувањето на одбојката на песок во програмата на Олимписките игри во 1996. година. Во текот на последната деценија, одбојката доживува сé поголем раст, а квалитетот и масовноста на меѓународните натпревари постојано расте.
![]() |
| ТОПКА ЗА ОДБОЈКА |
Игра на мрежа





Нема коментара:
Постави коментар