Правила и прописи
Полето за игра е правоаголник, со димензии 18 Х 9 м, окружен со слободна зона, која од сите страни е широка најмалку триметри. Слободниот простор за игра е просторот над теренот за игра кој е слободен без никакви пречки. Слободниот простор за игра мора да биде висок најмалку седум метри мерено од површината на теренот.
Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две екипи на терен поделен со мрежа.Постојат различни верзии, со што се нуди разновидност на играта. Целта на играта е топката да се префрли преку мрежата и да падне во противничкото поле, а воедно да се спречи таква акција од страна на противничката екипа.Екипата има право на три контакти за враќање на топката (со исклучок на блокот) Топката се уфрла во игра со сервис преку мрежа во противничкото поле од страна на серверот.Надигрувањето продолжува додека топката не падне во полето за замени, оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на правилен начин. Во одбојката екипата победува во надигрувањето со освојување на поен. Ако екипата која е на прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива поен и да сервира, а играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во правец на движење на стрелките на часовникот.


Нема коментара:
Постави коментар